АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
Подружница Струмичко Поле-Струмица

Дејност: водоснабдување, наводнување, одводнување, заштита и одбрана од поплави и друго штетно дејство од водите.

Водостопански објекти со кои управува:

БРАНИ

Брана "Турија" се наоѓа во сливот на р. Турија 4 км спротиводно од с. Добрашинци и 16 км северно од Струмица. Спаѓа во типот на камено-земјени брани со централно глинено јадро благо наклонето кон спротиводната косина. Изградена е во периодот од 1968 - 1971 година, а пуштена е во експлоотација во 1973 год. Намената и е за водоснабдување на град Струмица и индустријата, наводнување на дел од Струмичкото поле со површина од 10.050 ха и за добивање на хидроенергија со двонаменско користење на водата или во случај на појава на прелив. Од акумулацијата "Турија" со бруто запремнина од 50.350.000 м3 се овозможува повеќегодишно израмнување на билансот на водите на река Турија.

strumica1 fit 424x250strumica2 fit 289x250strumica31 fit 294x250

 Брана "Водоча" се наоѓа во сливот на р. Водоча 4,5 км спротиводно од с. Водоча и 14 км западно од Струмица. Градено е во периодот од 1962 - 1965 година, а со користење на водите за наводнување е започнато во 1966 год.
Спаѓа во типот на камено земјени брани со нафрлен камен и распаднат шкрилец. Намената и е за наводнување на дел од Струмичкото поле со површина од 3100 ха и како резерва за водоснабдување на град Струмица.

strumica4 fit 354x250strumica5 fit 422x250strumica6 fit 201x250

Брана Иловица. Идејата за изградба на браната Иловица датира од сушните 1990 и 1991г. со основна намена да создаде акумулација за водоснабдување на 7 населби ( денес 9 населби) од општина Босилово и за наводнување на 90,0 Ха од атарите на Иловица и Штука.

Главниот проект е изработен 1992 год. Од Заводот за водостопанство на РМ од Скопје. Со градење на браната е започнато во 1994г. Со неколку прекини, браната е завршена во 1999год. Од истата година се започна со користење на водите од акумулацијата Иловица за водоснабдување и наводнување на земјоделските површини, бидејќи паралелно со градењето на браната се градеа цевоводите од системот за водоснабдување, новиот резервоар со запремина од 600м3, современа филтер станица и цевоводите од системот за наводнување. Браната е изградена на 14 км од Струмица или на 500м над селото Иловица.

 

strumica9 fit 310x209strumica7 fit 338x210strumica8 fit 340x210

Брана маркова река. Хидросистемот “Маркова река” - Струмица е наменет да обезбеди вода за водоснабдување на околу 5000 жители во населените места Куклиш и Свидовица и вода за наводнување на околу 300 ха земјоделско земјиште со висок бонитет во атарот на овие и неколку соседни села.

 

 strumica10 fit 375x249strumica11 fit 333x250

Брана Новоселка, намена наводнување.

strumica13 fit 333x250strumica14 fit 333x250strumica15 fit 333x250

Брана Чаушица. Идејата за изградба на брана на река Чаушица за обезбедување на вода за Оранжериите во Хамзали и околните земјоделски површини во атарот на Хамзали, се интензивираа во 1989 и 1990год. Тогаш се нарача изработка на Студија за изградба на мала брана на река Чаушица, со избор на најповолен профил за мала брана. Со студијата се докажа дека реката Чаушица нема големи наноси и треба да се избере подобриотпрофил од двата поволни профили.

strumica16 fit 333x250strumica17 fit 333x250strumica18 fit 333x250

 

ХИДРОСИСТЕМИ ЗА НАВОДНУВАЊЕ

 -Хидросистем Турија
 -Хидросистем Водоча
 -Хидросистем Иловица
 -Хидросистем Маркова река
 -Хидроситем Новоселка

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.